Безбедното работно место не е само законска обврска – тоа е обврска кон себе, кон своите колеги и кон иднината. Придржувајќи се до стандардите за безбедност и здравје при работа, ние, вие, сите градиме посилна, посреќна и продуктивна работна средина.
Безбедност и здравје при работа и противпожарна заштита
Комплетни решенија за вашата компанија
Наши услуги
Спроведување на темелна проценка на ризик за секое работно место
Идентификување на сите можни опасности и проценка на нивното влијание врз здравјето и безбедноста на вработените.
Подготовка на документирани извештаи со препораки за подобрување.
Изготвување и имплементација на безбедносни мерки
Развој на стандарди и процедури за безбедност и здравје при работа.
Обезбедување на сите потребни ресурси и опрема за заштита (лична заштитна опрема, противпожарни системи и сл.).
Инсталирање и контрола на механизми за превенција и заштита, согласно со законските барања.
Редовно тестирање и контрола на опремата за работа и испитување на микроклиматските услови во работната средина.
Обучување на вработените
Организација на редовни обуки за вработените.
Едукација која ги подготвува вашите вработени за безбедно и правилно работење.
Обезбедување на обуки за безбедно користење на опремата, справување со итни случаи и други безбедносни процедури.
Обука на вработените за безбедност и здравје при работа во зависност од бројот на вработени кои се обучуваат
Контрола на условите за работа
Спроведување на редовни контроли на работните места и проверка на усогласеноста со пропишаните безбедносни стандарди.
Следење на ефективноста на спроведените безбедносни мерки и прилагодување на истите доколку е потребно.
Изработка на извештаи и консултации
Подготовка на документација за инциденти и несреќи и анализа на истите.
Консултирање и советување на клиентите за најдобрите практики и законски обврски во областа на безбедноста при работа.
Советодавно делување на интересите на клиентите во случај инспекција.
Објаснување на мерките који се преземени и советување во случај на наоди и препораки од инспекторатот.
Плански документи за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи
Изработка на:
- Елаборат за заштита од пожари и опасни материи
- План за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи.
- Правилник за заштита од пожари и експлозии.
- Процена на загрозеност од природни непогоди и други несреќи.
- Евакуациони мапи.
Продажба на противпожарни апарати.
Наши клиенти
